Речиси 800.000 имиграти годинава влегле во Европа преку Медитеранот

Од почетокот на годинава во Европа преку Средоземното Море пристигнале речиси 800.000 имигранти, што претставува четири пати повеќе во однос на 2014 година, соопшти денеска Меѓународната организација за миграции, (ИОМ).
Од вкупно 798.792-та мигранти и бегалци кои пристигнале во Европа преку Средоземното море од почетокот на оваа година, над 653.000 лица влегле во Грција, а над 141.000 во Италија.
Од 27 октомври, па до претпладнево, во Европа влегле речиси 95.000 имигранти, од кои околу 17.600 пристигнале во Грција во периодот од 6 до 8 ноември. Според ИОМ, минатата седмица, од 2 до 9 ноември, грчко-македонската граница ја минале 26.860 мигранти.
Од почетокот на годинава, 3.455 лица ги загубиле животот во Средоземното Море во обид да стигнат на европскиот континент.
Од минатиот месец во рамки на планот на Европската комисија за прераспределба на бегалците меѓу земјите-членки на ЕУ, 118 имигранти се преместени од Италија во Финска, Шведска, Шпанија и Франција, наведува ИОМ.
Ново на Сител
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
