Бизнис
23. July 2015 - 20:13

Ребалансот на буџетот влезе во собраниска процедура

Приходите  поголеми од планираните, со корекциите во држваната каса, пари нема да се кратат, ќе има повеќе за капитални проекти. Ребалансот во буџетот, влезе во Собранието.  Повеќе средства се предвидуваат  за редовна испла на зголемената социјална помош за 10 проценти , за исплата на помош на сите ранливи категории, за зголемување на пензиите за пет проценти од октомври,  дополнителни 150 милиони денари ќе има за стипендии. Кај капиталните расходи се додаваат  1,1 милијарда денари плус и тоа  за приоритетни проекти.  Повеќе пари околу 370 милиони денари  да има за гасификацијата, дополнителни 60 милиони  за изградба на домот  Гоце Делчев. Нема да има  кратење кај ниту едне буџетски корисник.

Ребалансот ќе помогне за реализирање на проектие предвидени  во програмата за годинава, а кои се од ошто добро за граѓаните.

И покрај политичките случувања во земјава и грчката криза, буџетот во првите шест месеци е во добра кндиција. За 14 проценти се зголемени приходите  во споредба сопрвите шест месеци лани, а шест проценти повеќе од првично проектираните. За  5 проценти има раст и кај расходите. Намалени се приходите од ДДВ, но зголемени се од данокот на добивка и од акцизи. Буџетскиот дефици пак е 9, 5 милијарди денари или 1,7 проценти од БДП. Со ребалансот проекцијата за раст на економијата е ревидирана од 4 на  3, 5 проценти и тоа поради случувањата во изминатиот период, но приближно на пректициите на меѓународните финансксис инситуции. Министеро Ставревски  се надева дека до крајот на годинава,  ќе се решат политичките проблеми тука и оние во еврозоната  што значително ќе помогне за уште поголем раст на домашната еконмија, која лани важеше за втора   најдобра во Европа.