Ребалансот на Буџетот на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет
Во Собранието на Македонија денеска ќе заседава собраниската Комисија за финансирање и буџет која ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во второ читање.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции, додека вкупните расходи се на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година.
Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП, а стапката на инфлација е предвидено да изнесува 2,1 процент.
Според надлежните, ребалансот значи стабилизирање на економијата, а во него клучни сегменти се зголемувањето на капиталните инвестиции и продолжувањето на поддршката за стопанството. За опозицијата, пак, ребалансот е предизборен поткуп.
Расправата за ребалансот почна на 1 јули.
Ново на Сител
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ