Реал по 14-ти пат европски фудбалски шампион
Реал Мадрид вчера во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 59. минута. Во 45. минута главниот судија на средбата Клемент Турпин со помош на ВАР го поништи голот на Карим Бензема поради офсајд.
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 14-ти пат. Последен пат „кралскиот клуб“ го освои трофејот во сезоната 2017/18.
Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант, Карло Анчелоти ја освои Лигата на шампионите како менаџер по рекорден четврти пат. Италијанецот ги надмина Зинедин Зидан и Боб Пејсли.

Вкупно, Анчелоти има 5 финалиња во Лигата на шампионите во својата тренерска кариера: три со Милан и две со Реал Мадрид. Загуби само еднаш, во сезоната 2004/05. Претходно освои трофеи во 2003, 2007 и 2014 година.
Финалето започна со повеќе од половина час доцнење. Почетокот на натпреварот мораше да се одложува три пати. Според прес-службата на УЕФА, почетокот на финалето на Лигата на шампионите е одложен „поради безбедносни проблеми“. Како што се испостави, многу навивачи не можеа навреме да стигнат до стадионот. Имаше информации и дека некои навивачи упаднале во арената без билети.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
