-->
-->
Реал Мадрид е супершампион на Европа
-->

Актуелниот европски првак Реал Мадрид ја одбрани титулата и во Супер купот на УЕФА откако вечерва го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1.
Иако англискиот тим одигра солидно второ полувреме, победата на “кралскиот клуб” е целосно заслужена ако се има предвид покажаното на стадионот “Филип Втори” во Скопје. Реал доминираше во секој поглед и со малку поголема концентрација можеше да слави уште поубедливо.
Веројатно уште долго ќе се полемизира за првиот гол на мечот што го постигна Каземиро во 24. минута. Впечаток е дека имаше офсајд при додавањето од Иско, но на Бразилецот тоа не му пречеше да го отвори резултатот. Реал имаше уште неколку шанси во првото полувреме, но не успеа да дојде до вториот гол.
Тоа се случи по само седум минути игра во продолжението кога Бензема и Иско комбинираа во противничкиот шеснаесетник, а вториот ја затресе мрежата на Де Геа. Неколку минути подоцна Бејл можеше да стави точка, но од непосредна близина ја погоди пречката.
Место 3-0, во 62. минута Лукаку намали на 1-2 откако одлично реагираше по ударот на Матиќ и одбиената топка од голманот Навас. Пред голот, Белгиецот можеше да намали бидејќи имаше голема шанса, но шутираше крај голот. Шансата на мечот ја промаши Рашфорд на десетина минути пред крајот кога излезе сам пред Навас, но шутираше непрецизно.
Со овој триумф Реал ја продолжи жетвата трофеи под водство на Зинедин Зидан. Ова е вкупно шести пехар со него како тренер, а Реал стана првиот тим по Милан кон крајот на 80. години од минатиот век што ја одбраниле титулата во Супер купот на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
