-->
-->
Реал го „пикира“ Халанд на местото на Јовиќ
-->

Реал во летниот преоден рок ќе го донесе Ерлинг Халанд, тврди „Марка“. Халанд во јануари од Салцбург се пресели во Борсија Дортмунд. Во Мадрид се надеваат дека можат да профитираат од калузулата што ја има Халанд во договорот, според која тој во јануари 2021 година може да го нашушти клубот за сума од 75 милиони евра.
„Реал летово ќе се обиде да донесе голгетер, класична деветка. Веќе работат на трансферот. Прв избор е Халанд“, пишува „Марка“ и потоа ги открива понатамошните планови на клубот.
„Јовиќ ќе биде позајмен за да може да си ја врати самодовербата, додека Маријано Дијаз ќе биде продаден“.
Халанд (19) од почетокот на сезоната има постигнато 40 гола на 33 одиграни натпревари. За Борусија има постигнато 12 гола на девет натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
