Реактивиран пожарот околу Трескавец

Повторно се разгоре пожарот околу манастирот Трескавец кај Прилеп кој вчера беше ставен под контрола.
Според командирот на противпожарната единица Станко Колески, кој моментално е на теренот со екипите и доброволците, пожарот се обновил околу 9 часот изутрината.
- Одненадеж се обнови пожарот кај предавателите околу манастирскиот комплекс Трескавец. Во моментов огнот го гаснат и се обидуваат да го пресечат повеќе од 60 луѓе, пожарникари, доброволци, помош од прилепските фирми, изјави Колески.
Инаку, уште се активни и двата други пожари во прилепско, кај селата Никодин и кај Бонче-Крушевица, мариовско. Борис Јованоски од ЈП „Македонски шуми - Црн бор“ изрази надеж дека денеска ќе ги стават овие пожари под контрола.
- Секој момент очекуваме да дејствуваат леталата на Дирекцијата за заштита и спасување и затоа се надеваме дека денеска ќе ги ставиме под контрола, додаде Јованоски.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
