Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за проектот на СДСМ за субвенционирање комуналии за куќа

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценува дека проектот што го најави денеска опозициската СДСМ за субвенционирање комуналии при изградба на куќа е недоволно обмислен, задоцнет, депласиран, и со сериозни пропусти како во предвидените начини за негова имплементација, така и во поглед на неговата евентуална незначителна корист за граѓаните.
- На Бихаќка брзајќи да одговорат како било на големиот проект „Купи куќа за млади“ кој вчера го најави премиерот Никола Груевски не успеале ни да пресметаат со какви бројки ќе излезат пред граѓаните. Па така брзајќи СДСМ реши да тврди дека е подобра опција за граѓаните бидејќи ќе им нуди помош од 1.500 евра наместо до 33.000 евра кои може да се добијат со проектот „Купи куќа за млади“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, набрзина стокмениот предлог е резултат на нервозата присутна во СДСМ, особено по проектот на Владата за младите до 35 години насловен „Купи куќа за млади“ кој, како што наведуваат, дава реална, драматично голема поддршка на граѓаните кои имаат намера и потреба да се стекнат со свој дом.
Проектот на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде од реална помош за граѓаните, затоа што освен некаква најавена но необразложена помош во комуналии која што само еден мал дел во вкупните трошоци за градба на куќа, потребни се и средства за градежен материјал за да таа куќа се изгради, за цигли, инсталации, покрив, керамиди, прозорци, врати, материјали за внатрешна изведба на проектот. - Сето ова не се гради без пари, а проектот кој го објави СДСМ не им нуди помош на граѓаните. Ова ја покажува наопачки поставената политика на СДСМ која е нивна препознатлива карактеристика и начин на делување. Доколку СДСМ на луѓето кои се невработени или хонорарци и не се квалификуваат за кредит им нуди 1.500 евра за комуналии, мистериозно е како овие луѓе ќе најдат пари за макар да ја започнат изградбата на куќата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата и истакнува дека Владата нуди реална и конкретна помош за изградба на куќа за млади.
Друг пат кога во СДСМ ќе предлагаат какви било проекти, с евели во реакцијата, им предлагаме детално да се консултираат со градежници, аритекти, урбанисти, а пред се со граѓаните, и притоа да предложат проект во вистинска смисла на зборот.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
