Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на општина Центар

Андреј Жерновски разрешувајќи ја директорката на училиштето „11 Октомври“ денеска единствено што покажа е дека се плаши од својата лична одговорност за скандалот во општина Центар. Градоначалникот сноси одговорност за случувањата во образовната установа бидејќи таа надлежност ја има со закон.
Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на соопштението на општина Центар за сменувањето на директорката на ОУ „„11 Октомври“, Даниела Костадинова, заради „констатираната лична одговорност за нанесената штета по здравјето на учениците“.
- Градоначалникот на општина Центар треба да одговори дали инвестирал еден денар во подобрување на условите на ова училиште, или сите пари завршија под калдрмата на боемската улица. Треба да знае дека постои вакво училиште во неговата општина, а не да се сети на него откако деца ќе имаат здравствени проблеми поради негрижата на главниот патрон на училиштата и директно одговорен за она што се случува во нив - општина Центар со која раководи Андреј Жерновски, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Андреј Жерновски, се додава, треба да одговори дали отишол еднаш да го посети ООУ „11 Октомври“ кога нема камери пред кои ќе може политички да поентира врз невиниот грб на малите деца кои се стекнале со здравствени проблеми и да ги види условите во кои функционираат децата за кои мандаторно мора да се грижи.
- Ако навистина сака лоцирање на вината, Андреј Жерновски треба да се разреши самиот себеси, пред на општина Центар да и' се случат уште поголеми несреќи од оваа. Тој не може себе си да се прогласува и за обвинител и за судија и за јавност. Жерновски заборавил дека е Градоначалник и дека вакви катастрофи се случуваат само во Општината во која тој раководи, се потенцира во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
