Реакција од Министерството за одбрана на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Да се грижеа толку Александар Нацев и ВМРО-ДПМНЕ за војниците немаше да затекнеме пред три години: ниски плати, Армија и одбрана на маргините на општеството, неисплаќање на дневници, деморализирана Армија, приватни списоци за испраќање на војници во мисија.
Но, А. Нацев и ВМРО-ДПМНЕ за среќа повеќе не го предводат Министерството за одбрана и затоа имаме: двојно зголемен буџет за одбраната, зголемени плати за 16 проценти, исплата на дневници и јубилејни награди, измени на законите за одбрана и за служба во Армијата со кои примањата на припадниците во Армијата ќе дојдат до ниво на 50 процентно зголемување во однос на времето кога беа на власт “загрижениот” Нацев и неговата партија, 15 нови инженериски машини, нови чизми, нова спортска опрема…. Што и ветувате на Армијата вие? Ќе се грижите за војниците со поништување на одлуките кои не донесоа до НАТО? Со намалување на буџетот за сметка на полицијата која е ваша омилена играчка во која вложувате се’ кога сте на власт?
Оставете ја Армијата. Таа им припаѓа на сите граѓани. За Армијата има кој да се грижи и за добро и за лошо. Вашето се виде. Поминало и нема да се повтори.
Ново на Сител
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
-

Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март
