Македонија
22. јуни 2024 - 20:46

Реакција од медиумите и СИРИЗА

Грчките медиуми пак му броеја на Мицкоски колку пати во својот говор рекол Македонија. Агенцијата  АНА-МПА изброја три пати, а дел од останатите онлајн изданија оценија дека се работи за нова провокација. Реагираше и грлчката опозициска партија СИРИЗА предводена од Ципрас која го повика Мицотакис да преземе конкретни мерки. СИРИЗА недвосмислено го осудува новото прекршување на договорот од Преспа од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер на Република Северна Македонија, господинот Мицкоски и ја повикува владата на Мицотакис конечно да ги превземе предвидените дејства, соопштија од грчката опозициска партија.