Реакција од Лекарската комора за вчерашниот инцидент во ГОБ „8-ми септември“
Лекарската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува најновиот инцидент во ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември - Скопје во кој, вчера во вечерните часови, роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатиле закани кон докторката.
Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа прилика јасно се декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал. Дотолку повеќе што медицинарите секојдневно, во услови на пандемија, се борат за животот на пациентите. Сведоци сме дека во изминатите пет месеци докторите и севкупниот здравствен персонал се бореа за секој човечки живот и затоа Комората го осудува секое непочитување на нивната работа, труд, жртва и ризик со кој се изложуваат на највисоко ниво во пружањето на услугите. ЛКРСМ смета дека и пациентите треба да имаат предвид дека здравствениот персонал безрезервно и максимално се вложува за нивното здравје, за сметка на своите семејства. Затоа сметаме дека тие заслужуваат само поддршка, а не закани.
Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници. Заложбата на
Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува од сите инволвирани.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
-

Три возила опожарени во гаража во скопско Батинци
-

4-годишно девојче и 38-годишен маж починаа по операција на крајници во болница во Чачак
