Реакција од Град Скопје на тврдењата на Жерновски за изградба на улица на кејот

Град Скопје во реакција на тврдењата за изградба на улица на кеј „13 Ноември“ во Општина Центар изнесени од градоначалникот Андреј Жерновски наведува дека ќе се гради пристапна, а не транспортна улица.
Пристапната улица што ќе се гради на кеј „13 Ноември“, посочува Град Скопје, е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор. Значи, Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, се вели во раекцијата.
Според Град Скопје, станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и ќе биде уредена од плочки, а не од асфалт или слично на улицата „Никола Вапцаров“.
- За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор, наведува Град Скопје во реакцијата.
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
