Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за нападот во М-НАВ
Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.
Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот.
Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?
Во која друга европска држава има ваков скандал?
Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.
И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?
Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.
Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?
И на Албанците им прекипе од ДУИ.
Никогаш не било полошо.
Важно е да ги поразиме!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа