Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Оливер Спасовски
СДСМ се во паника бидејќи креираните материјали, согласно важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски, реагира попладнево ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Оливер Спасовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, врз база на законските одлуки судот утврди дека овие креирани материјали се илегални што ќе значи обврска да се утврди кои лица ги креирале и ги користеле со што ги прекршиле законите на Република Македонија.
- СДСМ тоа го знаеше, а го знаеше и целата стручна јавност зашто законот е многу јасен, но се правеа наудрени и незналици, со цел да го лажат членството дека со креираните и монтирани материјали и со манипулации преку нив ќе дојдат на власт. Со истите лаги СДСМ очајно се обидува да го охрабри демотивираното членство, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Во изјавата на Оливер Спасовски, додава партијата, има отворени закани до судиите, со јасен обид да ги заплашат. - Од тука се гледа дека ако во опозиција вакви закани испраќаат на судиите, какви ли ќе бидат малтретирањата врз судството кога оваа банда би била на власт, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот