Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев
Враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше Република Македонија изминативе години, а кои беа исто така нотирани во позитивни извештаи со безусловна препорака седум години по ред, од 2007 до 2013 година.
СДСМ ветуваше дека Република Македонија ќе ја внесе во ЕУ и НАТО за шест месеци, а сега сме сведоци на растечка корупција и критики во круцијални делови од извештајот.
Република Македонија е најкорумпирана земја во Европа, а истото беше нотирано и во извештајот на Транспаренси на кој што земјава пропадна за уште 17 места подолу. Сега истиот факт е нотиран и во извештајот на ЕУ. Република Македонија е заробена држава. Потврдена е корупцијата на високо ниво и партизацијата на институциите. Европската комисија јасно го нотира и политичко влијание во институциите.
Власта е неефикасна и во борбата против организираниот криминал. Зоран Заев е единствениот Премиер во Европа за кого сведоци во судот потврдуваат дека барал поткуп, а истиот го предводи телото за судски реформи.
Декларативните заложби за ЕУ интеграција на власта не се доволни. Државата и граѓаните имаат потреба од функционални институции и ефективна примена на правото. СДСМ тоа не го обезбедува.
Граѓаните се сведоци на слаби институции и економска стагнација.
Извештајот укажува и на несериозна борба против финансискиот криминал и перењето на пари. Оваа влада не покажа ниту минимум волја за борба со финансискиот криминал. 11 месеци власта, иако најавуваше, нема отворено ниту еден случај за криминал против државни функционери. Сведоци сме само на случаи кои се најавуваат од страна на Зоран Заев и потоа нема никаква завршница, откако лицата кон кои била упатена пораката ќе си ги подмират долговите.
Извештајот укажува и на економската неспособност на оваа влада. Република Македонија стагнира, а граѓаните живеат полошо.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово