Македонија
12. October 2015 - 22:15

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ

Во време на владеењето на владите на Социјалдемократскиот сојуз беше создадена најголемата сиромаштија со несогледиви последици. Граѓаните паметат како беа ограбувани од банките и штедилниците, осиромашувани од државата и бркани од работа од затвораните фирми и фабрики, сето тоа со амин од СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ.

Додаваат дека граѓаните паметат дека СДСМ секогаш кога се во опозиција ветуваат се и сешто само за да добијат некој глас повеќе, но и паметат дека никогаш кога се на власт не ги остваруваат своите ветувања.

Во ракцијата истакнуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано воведува мерки и проекти за поддршка на социјално ранливите категории и лицата со инвалидност, со цел да им го подобри животниот стандард и да ги среди хаотичните состојби кои зад себе ги оставија владите на СДСМ.

Наведуваат дека аргументите се на страна на ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат на зголемувањето на социјалната помош за 61,8 проценти од 2006 година наваму, зголемените пензии за 70,3 проценти, потоа зголемениот паричен надоместок за згрижување деца без родители и родителска грижа кој од јуни 2015 година е повисок за 25 проценти и изнесува помеѓу 8125 и 10.625 денари.

Меѓу аргументите ги посочуваат и овозможената исплата на 8.000 денари за згрижувач на дете подолго од пет години, а не остварил право на пензија.

Го напоменуваат и проектот за отпис на долговите на граѓани од ранливи категории, отворените 49 народни кујни, воведениот условен паричен надоместок, проектот за заштита од енергетска сиромаштија, како и повеќе мерки за лицата кои имаат статус на деца без родители, за слепи лица, додаток за мобилност за лица со 100 проценти телесен инвалидитет.