Реакција на ректорот на УКИМ до јавноста

Последниве денови во медиумите е присутен случајот на главниот внатрешен ревизор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Заради објективно информирање на јавноста, сакам да го истакнам следново:
Во ниеден од натписите не беа спомнати причините за отказот на ревизорот, односно внатрешниот ревизор во своите обраќања до јавноста ниту еднаш не се осврна на основите за нејзиниот отказ. Имено, се работи за трошење на средства од страна на една единица на Универзитетот за кое од страна на внатрешниот ревизор е дадена оценка дека средствата се наменски потрошени, за разлика од комисиите и органите на Универзитетот кои ја констатираа неправилноста, а само внатрешниот ревизор тоа не го констатира или не сакаше да го констатира. Истото беше потврдено и од независната ревизорска куќа.
Наместо внатрешниот ревизор да ги обелоденува ненаменските трошења, а уште повеќе кога се во прашање средства на студентите, таа се обиде да го прикрие неправилното работење на еден факултет, иако писмено и укажав да ги разгледа и фактите. Наместо да ги штити студентите и угледот на Универзитетот, таа го прави токму спротивното.
Внатрешниот ревизор треба да му помага на ректорот во законитото работење, а не да го доведува во несакани и сериозни правни ситуации, а уште повеќе што во текот на постапката и беше укажувано да ги земе предвид и доказите, а не да се потпира само на нејзиното убедување, што упатува дека не се работи за грешка во работењето што секому може да му се случи, туку за тенденциозни ревизорски наоди кои треба да заштитат одредена група луѓе.
За правните детали не би сакал да ја заморувам јавноста, ќе одлучи судот кој е најквалификуван за тоа, а јавноста ќе биде известена, стои во соопштението испратено од Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.
Ново на Сител
-

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни
-

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, уапсено 21 лицe за безобѕирно управување на возило
-

Герапетритис: Грција презеде иницијатива за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност
-

20.000 евра казна за фирмата која нелегално фрлаше градежен шут во Долно Лисиче
-

Потресна приказна на македонско семејство кое живее во Шведска - 22 месеци без својата ќерка
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
