Реакција на Министерството за култура за оштетувањето на фасадата на синоќешниот протест

Министерството за култура најостро го осудува синоќешниот вандалски чин со кој е оштетена фасадата на зградата на ресорното министерство, објект кој е изграден во 1927 година и претставува културно наследство заштитено со Закон.
- Во вчерашниот напад на таканаречените „борци за демократија“ од Граѓанското здружение „Протестирам“ оштетена е и скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски, поставена на влезот во зградата на Министерството, а осквернавени се и знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Се прашуваме, дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство кое го поседуваме како држава е алтернативата која ја нуди Граѓанското здружение „Протестирам“ и СДСМ за иднината на Македонија, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно историските споменици, како што се наведува, мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во државава кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската унија.
Министерството за култура бара од Министерството за внатрешни работи во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на, како што се наведува, ваквиот нецивилизиран чин.
- Против овие лица, согласно Законот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската унија во Скопје, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
-

Крозето: Европската одбрана треба да се прошири надвор од границите на ЕУ
-

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија
-

Белата куќа одобри нови санкции против Русија
-

Турција им советува на граѓаните поради горештините да консумираат сладолед, а не печива и кафе
-

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“
