Македонија
19. April 2016 - 14:07

Реакција на КОВЗ за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза

Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗ) преку соопштение го осуди, како што посочуваат, обидот за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза.

- Во годината во која ја прогласуваме за светица нашата сограѓанка Мајка Тереза, во година во која прогласувањето на нејзината светост е и наша македонска светост, оваа година во која и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин се поклони во нејзиот дом, во оваа јубилејна година бездушните се обидоа да ја сквернават и нејзината плоча, при тоа навредувајќи ги чувствата не само на католиците, туку и на сите почитувачи на ликот и делото на Мајка Тереза. Во безумието нивно злите раце удрија и врз Светицата! Жената Мајка Тереза која се роди во земјата на Големата Мајка за да биде Мајка на целиот свет, жената која се што беше скршено го спојуваше и обединуваше со љубов, надеж и исцелување, се наведува во реакцијата на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи.