Реакциите не стивнуваат, домашната јавност бара санкции за сите инволвирани во „Рекет“
Неодговорно е власта да се однесува како опозиција и да повикува на истрага за Рекет, а ништо да не направи. Ова е реакцијата на Демократски сојуз на Павле Трајанов, инаку коалициски партнер на владејачката СДСМ за скандалот. Од таму велат дека цела држава е парализирана и дека недозволиво е во услови кога државата ја тресе катаклизмички криминално политички земјотрес, “сите” надлежни да се на одмор.
Со “одморот” се даде реална можност да се ништат докази, да се влијае на сведоци, парите од уцени да се дислоцираат во странство, а Македонија да се прогласува за мафијашка држава...Необјасниво е и неодговорно, Власта да повикува на темелна и продлабочена истрага (како да е опозиција), а конкретно да не презема ништо и да дозволи медиумите да ја “водат” истрагата, пишува во соопштението од партијата на Трајанов.
Од таму сметаат дека парламентот досега требало да одржи вонредна седница за да ја разреши специјалната обивнителка Катица Јанева и да се реши статусот на СЈО, дека Владата преку МВР, финансиската полиција и новата Агенција за национална безбедност да му помогне на обивнителството да спроведе темелна истрага за случајот.
Рекации по објавени снимки на кои освен осомничениот БОКИ 13 и бизнисменот Камчев, се слуша и Јанева стигаат и од поранешени членови на раковдството на СДСМ. Експратеничката и професорка по правни науки Ана Павлова Данева на Фејсбук напиша:
Нема поголема навреда за правниот систем на една држава од тоа со него да управува и владее Боки Тредичи!
Опозицијата и денеска пак, реагира дека обвинителството не е ажурно во истрагата за Рекет и со тоа и помага на власта.
Од СДСМ пак, стојат на ставот дека објавата на снимките е загрозување на правната држава зад кое стои ВМРО-ДПМНЕ, но и дека секој мора да одговара.
Oдработува за тајкуните од режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ а вистинските криминалци да ги спасат и да ги претстават како жртви.
Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, која важеше за силен поддржувач на СЈО, за Пресс 24 пак, вели дека очигледна е вмешаноста на Јанева во случајот. За нејзе е неприфатливо однесувањето на Јавното обвинителство кое не презело никакви мерки против специјалната обвинителка
За секое друго лице, да не беше од големина и профил како конкретно посоченото, досега ќе беше во притвор, тоа гарантирам од претходни искуства и постапки, коментира адвокатката.
Таа вели дека кредибилитетот на СЈО може да се поврати единствено преку работата, но се сомнева дека новиот закон е решение за тоа.
Заев во овој дел направи брза одлука за „контрола на штетата“ предизвикана од сознанијата за вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет, па низ вода го пушти цело СЈО како концепт, коментира Јошевска.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар