Македонија
8. August 2019 - 16:42

Реакции: ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Вилма Русковска, СДСМ се сомнева дека зад снимката стои опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од обвинителката Вилма Рускоска по објавување на видео и аудио снимките од случајот Рекет бидејки таа го води предметоТ, но не покренува истрага против специјалната обвинителка Катица Јанева иако од нив е јасна нејзината вмешаност.

- После денешната снимка станува јасно зошто истрагата тапка во место, а Русковска заедно со Катица Јанева се на одмор. Невозможно е целата јавност да зборува и да знае за рекетот, само Вилма Русковска да не знае што се случувало! Невозможно е целата јавност и медиумите да говорат за улогата на Катица Јанева, Кики, Фрики, Шеки и останатите, а Вилма Русковска да не слушнала ништо. Невозможно е да исчезнуваат суштински докази во предметот, да се губат и форматираат телефони и компјутери, а Русковска да ја врти главата без некој да и каже да го прави тоа..... Одговорност мора да има за извршителите и за нарачателите, но одговорност мора да има и за  оние кои го покриваат криминалот целиот овој изминат период. Исто така одговорност мора да има и од  Русковска затоа зошто одлучи да не покрене истрага и против Катица Јанева, и против Кики и Фрики. Со што тие ја имаат задолжено неа или Зоран Заев? Имаат ли дополнителни информации за криминалите на власта?, прашува Јанушев.

Опозициската партија бара проширување на истрагата и одговорност и за извршителите и за нарачателите, кои ги лоцира во актулената влаСТ.

- Од снимката се гледа и слуша дека Боки и Кичеец се само обични извршители, а вистинските организатори се други. Ваков милионски рекет кој траел со години, а бил вршен со помош на уцени и ветувања за слобода или затвор директно од Катица Јанева, не може, а да не бил со амин на Зоран Заев, кој ја има апсолутната власт во Република Македонија, изјави Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

И власта бара забрзана и проширена истрага по објавата на снимката од италијанскиот весник.

- Истрагата бараме да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во против правни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај. Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој се е вклучен во овој криминал и од кои се предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси.Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија, изјави Костадинов од СДСМ.

Но, од СДСМ сметаат дека објавувањето на снимката од случајот Рекет е дел од однапред подготвено сценарио. Предупредуваат дека ќе пропаднат, како што велат, очајничките обиди за саботажа на истрагата.

- Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија....Христијан Мицковски, дублерот на Груевски и на фамилијата, кој со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ,  многу јасно и гласно го прашуваме: Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги? Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал? Кога се случиле ваквите разговори? Во какви зделки е доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките? Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?, прашува Костадинов.

По повод објавените снимки дд Алијансата на Албанците на Зијадин Села бараат и нови истраги, а го повторуваат и барањето на обвинител од Европската Унија.

-Бараме да се отвораат истраги за сите предмети кој што се во предистражна постапка,како што е предметот ,,Пациент" и други.

Случајот ,,Рекет" е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради ,,рекет" додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа.

Реакциите за снимката не стивнуваат ни на социјалните мрежи, а беше пренесена и од медиумите во регионот кои скандалот го поврзуваат со Јанаева или со премиерот Заев.