-->
-->
РЦУК-Кичево додели хуманитарна помош на 80 семејства
-->
Регионалниот центар за управување со кризи од Кичево додели хуманитарна помош на жителите од улица „Прилепска" во тој град кои неодамна беа погодени со поплавите кои го зафатија тоа подрачје.
- Во соработка со неколку хуманитарни организации доделивме хуманитарна помош за 80 семејства кои најмногу настрадаа при неодамнешните поплави. Помошта се состои од пакетчиња до храна, облека и ќебиња. Вредноста на еден пакет е околу 40 евра во денарска вредност, истакна раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи во Кичево, Сузана Тасевска.
Инаку, во оваа населба диво се населени сиромашни семејства главно од ромска националност кои неодамна добија парични средства кои им беа ветени како помош од државните институции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер