-->
-->
„Развојот на царските двери во кумановско“ изложба на фотографии во Куманово
-->

„Развојот на царските двери во кумановско„ насловена е изложбата која вечерва ќе биде отворена во уметничката Галерија во Куманово со почеток во 19.30 часот.
Кумановци ќе имаат можност да проследат над 30-тина постер фотографии од царските двери низ кои е прикажан развојот на дверите во кумановско од крајот на 16 век до почетокот на Втората светска војна во 20-от век. Изложбата ја организира НУ Музеј Куманово со поддршка на Министертвото за култура.
- Изложбата има за цел да ги презентира промените во техничката и стилската изработка кои се случувале на дверите низ вековите во кумановско,односно на централните средишни врати кои се и најдекоративниот дел од еден иконостас и кои зависеле од економските можности во дадениот период. Воедно, изложбата има за цел да ја запознае пошироката јавност со поимот царски двери, бидејќи голем број од верниците,многу повеќе внимание посветуваат на иконите, но не и на дверите, изјави денеска авторот на изложбата,Валентина Андреиќ, кустос историчар на уметност во НУ Музеј Куманово.
Изложбата опфаќа над триесетина фотографии кои го следат развојот на царските двери во црквите во поширокиот кумановски регион.На почетокот од 16-тиот век, царските двери биле изработени исклучиво во резба,а потоа биле сликани.
- Царските двери се еден од основните декотративни елементи на иконостастите,посетителите ќе имаат можност да проследат царски двери кои се целосно насликани, работени во резба и во комбинирана техника.На царските двери задолжително се слика композицијата Благовест,но и други придружни фигури на апостоли, архиереји и пророци, изјави Славица Крстиќ, советник историчар на ументност во НУ Музеј Куманово.
Меѓу најстарите примероци во кумановско се царските двери од манастирот Карпино 1606, кои денес се изложени во галеријата на икони во Црквата „Свети Никола“ во Куманово, како и од двојната црква посветена на „Свети Никола и Свети Ѓорѓи“ од Сув Ора, кумановско кои потекнуваат од помеѓу 16 и 17 век. Изложбата ќе биде поставена наредните десетина дена во уметничката Галерија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Во следните два дена се можни преговори со Иран
-

Папата Лав предупредува: Без морални вредности демократијата може да се претвори во тиранија на мнозинството
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
