Развојната банка ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати
Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост, и во 2021 година оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата, информираа од Банката.
Во соопштението на РБСМ се посолува дека во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21 отсто и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19 проценти, на портфолиото од кредитното осигурување од 38 отсто и на факторингот од 11 проценти.
– Во оваа година, активностите на Банката беа во знакот на воведување на нови производи како царински гаранции и кредитно-гарантната шема која се реализира преку Гарантниот фонд, во име и за сметка на државата. Се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството, посочуваат од Банката.
Од таму информираат и дека во целост се реализираше третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – ,,Ковид 3”, финансирана со средства од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА II програмата и Владата на РСМ, во вкупна вредност од 31 милион евра.
Банката оствари позитивен нето-финансиски резултат од 39,6 милиони денари, што е 25 проценти зголемување во однос на остварениот резултат во 2020 година.
– Согласно Законот, остварената добивка се распределува во резервите на Банката со што, се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во земјата, се додава во соопштението на РБСМ.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа