Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности

Меѓународните безбедносни служби предупредуваат на зголемен ризик од кибер-шпионажа поврзана со хакерски групи поддржани од Кина, кои користат мрежи од компромитирани уреди, пренесува ДПА.
Во заеднички извештај, организациите меѓу кои се германската Сојузна разузнавачка служба, Националниот центар за кибер-безбедност на Обединетото Кралство и Австралиската дирекција за сигнали, предупредија на опасноста од кибер-криминалци поврзани со Кина и нивната тактика за користење масовни мрежи од компромитирани уреди за насочување на своите кибер-активности“.
Според анализата, хакерите градат специјализирана инфраструктура составена главно од компромитирани крајни уреди и системи за прикривање на сообраќајот. Меѓу таквите уреди се домашни и канцелариски ИТ-системи, паметни уреди и технологии од „Интернетот на нештата“ (IoT), вклучувајќи и поврзани автомобили.
Експертите предупредуваат дека хакерите би можеле да ги искористат податоците добиени од мрежните уреди. Во извештајот се препорачуваат различни заштитни мерки, вклучувајќи и повеќефакторска автентикација за далечински пристап.
МИА
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
