Разрешувањето на Мизрахи на 136. собраниска седница
Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен за денеска на собраниска седница.
Џафери денескасвика две седници, првата 135. е закажана во 11 часот за Предлог-законот за Јавно обвинителство и за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, додека на 136. седница која е закажана за 15 часот како една од точките на дневен ред е Предлог за разрешување на член на Владата на Република Северна Македонија.
Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.
Спасовски посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.
– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави Спасовски.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип