Македонија
11. March 2021 - 15:12

Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет денеска донел одлука за разрешување на Софија Лаличиќ од Основниот Кривичeн суд во Скопје, за чие разрешување. Kако што јавија денеска дел од медиумите, одлуката била донесена со 11 гласа „за“ и два „против“.

Лаличиќ се спомнуваше во една од „бомбите“ што ги објавуваше СДСМ од нелегалното масовно прислушување.

СДСМ објави снимка од нејзин разговор со некогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, на прес-конференција посветена на состојбите во судството. Во овој разговор се спомнуваше и порнашната претседателка на Основниот суд Скопје 1 Лидија Неделкова, која неодамна, исто така, беше разрешена од врховна судијка.