Разрешен јавниот обвинител на Германија

Германскиот јавен обвинител Харалд Ранге денеска е разрешен од должноста, откако го обвини Министерството за правда на Германија дека се меша во неговите ингеренции, барајќи да се откаже од обвиненијата за предавство што тој ги покрена против двајца новинари кои објавија делови од доверливи документи.
- Довербата во него е трајно уништена, изјави германскиот министер за правда Хајко Мас.
Обвинтелството минатиот месец покрена истрага против двајцата новинари на информативната веб страница netzpolitik.org поради објавување на довеливи документи во кои се тврди дека германската разузнавачка агенција панирала да го засили надзорот на интернетот.
Разрешувањето уследи откако Ранге денеска обвини дека од Министерството му било сугерирано веднаш да ја прекине истрагата против новинарите.
- Ваквата постапка претставува недозволиво мешање во независноста на правосудството. Се чувствувам одговорен да ја информирам јавноста за тоа, изјави Ранге.
Меѓутоа, експертот по уставно право Јоаким Виланд во изјава за ДПА, оцени дека обвинувањата на Ранге на сметка на Министертсвото се неосновани, нагласувајќи дека Обвинителството не е во истата позиција со судовите, кога е во прашање независноста во однос на Владата.
- Јавниот обвинител не е во позиција да биде заштитен од инструкции (од Министерството за правда), смета Виланд.
По најавата на истрагата за објавувањето на доверливите документи, германската Влада се обиде да се дистанцира од случајот, додека министерот Мас изрази сомнеж дека постапката на двјацата блогери може да се смета за предавство, кое според законите во Германија се дефинира како „обид за загрозивање на земјата или работење во полза на странска сила“.
Новинарот Маркус Бекедал, кој заедно со негиот колега Андре Мајстер, се опфатети со истрагата за предавство, изјави дека ќе се обидат да го искористат јавното мислење со цел да се заштитат од Обвинителството.
Истрагата наиде на критика и од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која упати писмо до германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, во кое се оценува дека таа може да има „ефект на заплашување на новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство“.
- Верувам дека во случаи на можни повреди на правилата за доверливост или државни тајни, властите треба да се воздржат од обвинувања против медиумите чија работа е да истражуваат и да информират за прашања од јавен карактер, изјави претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ.
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
