Разоткриен: Дара Бубамара мажот ја мамел со млади девојчиња

Се се враќа... На пејачката која своите порно слики ги испраќала на спортисти, мажот и вратил со иста мерка. Сопругот на Дара е фотографиран како одмара во Грција со значително помлада девојка.
Не е Дара Бубамара единствената која го мамала сопругот додека биле во брак. И нејзиниот сопруг Милан Кесиќ имал љубовница, и тоа значително помлада, и папараците го снимија со неа на летување во Грција.
Српски Курир објавува дека Милан веќе подолго време е со непозната девојка само што е повешт во скривањето од популарната новосадска турбо фолк пејачка.
-Таа девојка е од внатрешноста и е многу помлада од него. Има 23 години. Во Белград и изнајмува стан, а и ветил и автомобил. Го користи секој слободен миг да биде со неа, и едвај го дочекал летото заедно да отпатуваат и да бидат некаде сами. И неодамна, кога одел со кумовите во нивната викендичка, си ја водел малечката, вели извор.
Бубамара со месеци е на тапет поради порно сликите, кои наводно им ги испраќала на спортисти, а се покажа дека и сопругот и вратил мило за драго.
-Дара е многу погодена кога слушна дека Милан има девојка. Нејзината најголема грешка е што дозволи сликите да и излезат во јавност и да и се додели улогата на прељубница, вели нејзин близок пријател.
По тој повод Дара по телефон на новинарите им признала дека нејзиното бившо момче веќе подолг период има нова девојка.
-Би сакала да не пишувате за тоа. Нема да коментирам зошто јас и Милан сме добри пријатели по сето тоа. Не е важно што се разведовме и што тој има нова девојка, зошто му ја посакувам сета среќа на овој свет, кратко изјави пејачката.
Милан Кесиќ, запрашан за новата девојка, прво признал дека има, а потоа почнал да и се удвара на новинарката на Курир:
-Имам нова девојка, имам повеќе девојки! Сакаш и ти да бидеш со мене во врска? Јас сум вљубен во тебе, вели бившиот на Дара..
Ново на Сител
-

Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
-

Пораст на бројот на посетители и на приходите од туризмот во Грција во првите четири месеци од годинава
-

MВР: Во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева



