Македонија
14. April 2022 - 21:16

Разногласие во бугарската Влада - ќе има ли повлекување на ветото за Македонија?

И за македонските и за бугарските аналитичари нема дилема дека Германија врши притисок  врз Софија за деблокада на преговорите и затоа демантите на бугарското МНР по  средбата Генчовска –Бербок се небулозни. По состанокот германската министерка излезе со изјава дека Бугарија презела обврска за деблокада на Македонија до јуни, но Генчовска ова по варакањето во Бугарија го демантираше. Ваквото разногласи за аналитичарот Владимиров отвара многу прашања, па дури и на смена на Генчовска.

За Кацарска од ЕПИ е јасно дека моментот со Украина , како и и промена на владите во Берлин и Софија, придонесуваат Германија посилно да инсистира за решавање на спорот со Македонија.Сепак времето е кратко, а јуни е блиску, а тука е и големиот прашалник француските избори кои ке бидат клуични за правецот по кој ке се движи Унијата.

И додека макдонските преговори со ЕУ  висат во воздух, за во сабота е најавена посета на бугарска делегација на Битола каде свечено ке се отвори клубот на културниот центар Иван Михајлов . Делегацијата ке ја предводат премиерот Петков и потпретседателот на државата Јотова, а во не ке бидат и шефицата на дипломатијата Генчовска, нејзината бивша колешка Захариева, претсавници на бг собрание, па дури и лидерот на ВМРО Каракачанов.