Балкан
26. November 2019 - 14:54

Размери на катастрофата: Драч снимен со дрон, цели населби под урнатини, спасувачите во битка со времето

Уништени куќи и згради, рушевини, паника и хаос е она што остана по серијата силни земјотреси во Албанија.

Најкритично е во Туман и Драч. Најмалку 23 лица се извлечени од урнатините на зградите во Драч, а меѓу нив има и деца.

Спасувачите го пребаруваат теренот во потрага по преживеани, а колку ситуацијата е критична покажуваат и снимките од дрон.

 
Да потсетиме, најмалку 14 луѓе настрадаа, а стотици се повредени.