Македонија
7. јуни 2018 - 16:18

Разговорот Заев-Ципрас се уште не е реализиран-за Османи следните часови се клучни за преговорите за името

Наредните часови ќе бидат пресудни за исходот од преговорите во спорот за името. Вицпемиерот Бујар Османи по денешната средба со Могерини во Брисел вели дека двете земји никогаш порано не биле поблиску до решение и дека позитивниот исход ќе отвори простор за продлабочување на односите со Грција и но поквалитетна евроатланска перспектива.

Во меѓувреме од Владата се уште не откриваат информации за текот на преговорите. И денеска нема информација кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас.

Внимателни се и во Атина. И од таму не излегуваат речи си никакви детали за разговорите иако грчката опозицијата темата ја користи за да ја напаѓа власта дека ги распродава државните интереси.

Состојбата будно ја следи и меѓународниот фактор. Американскиот амбасадор во земјава денеска од Охрид уште еднаш даде поддршка за надминување на проблемот

Вчера во повеќе градови низ Грција се одржаа серија протести на кои граѓаните порачаа дека терминот Македонија не треба да биде дел од преговорите.

Дел од партиите кои се во коалицијата на Ципрас и денеска излегоа со став дека нема да подржат име кое ќе го содржи терминот Македонија.