Балкан
9. November 2017 - 14:57

Разговори за отворените прашања меѓу Грција и Албанија на Крит

Министрите за надворешни работи на Грција и Албанија, Никос Коѕијас и Дитмир Бушати утре ќе почнат неколкудневна средба на островот Крит, на која ќе разговараат за отворените прашања меѓу двете држави, за кои Грција рече дека ќе се одразат и на албанските евроинтеграции.

Според грчкиот портал „Њуз.ин“, ќе се разговара за малцинските прашања, како и за меѓудржавните проблеми.

Меѓу нив е прашањето на морската граница меѓу Албанија и Грција, во област во која се претпоставува дека може да има нафта и гас и правата на Грците во јужна Албанија.

Коѕијас изјави дека се формирани комисии кои ги испитуваат отворените прашања со Албанија.