Разговори за Обнова на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните на Велес

Генералниот секретар ВМРО –ДПМНЕ Игор Јанушев денеска на платото пред театарот во Велес разговораше со жителите на градот каде разговараа за секојдневни проблеми со кои се соочуваат во врска со локалната и државната власт и побараа нивно решавање.
Во изјавата за медиумите Јанушев истакна дека граѓаните се заинтересирани да изнесат дел од проблемите од актуелната власт која, според него, на некој начин ги изманипулирала велешани и не им ги решила ветените проекти како што е затворениот пазар, сообраќајна обиколница околу градот ,затворен базен и другите.
-Она што го гледаме на државно ниво, тоа го гледаме и во Велес каде се укинати сите театарски и други манифестации од културата и спортот и буквално тонат. Велешани тоа го имаат согладано и знаат дека здравиот пат по кој ги води СДСМ воопшто не е прав туку тотално погрешен. Затоа тука од Велес ќе кажеме дека Македонија се обновува и за неколку месеци дефинитивно ќе ги испратиме во политичката историја, порача Јанушев.
Генералниот секретар на најголемата опозициска партија информира дека преку Разговорите за обнова на Македонија досега имаат остварено разговори со околу 50 илјади граѓани кои им ги имаат кажано своите проблеми.
-Ние како партија земавме обврска да понудиме решенија во изборната програма за изборите кои ќе се одржат на 12 април.Одзивот на нашиот повик од страна на граѓаните е одличен.Поради големиот интерес ја проширивме акцијата,а воедно се отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови, а и преку викендите,а остваруваме и контакти и со месните односно урбаните заедници, информира Јанушев.
Тој појасни дека пред две недели упатиле јавен повик до сите здруженија на граѓани,невладини организации,синдикати,
Ново на Сител
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
