Балкан
19. October 2015 - 19:25

Разговори на Јахјага со политичките лидери во обид за решавање на кризата во Косово

Претседателот на Косово Атифете Јахјага се сретна денеска со политичките лидери, во обид да биде решен спорот во врска со договорите на владата со Србија и Црна Гора.

Опозицијата употреби солзавец и фрли јајца врз косовскиот премиер Иса Мустафа во Парламентот, повикувајќи ја Владата да го повлече потписот од договорот со Србија, што дава повеќе надлежности на Србите во реони во Косово и со Црна Гора за демаркација на границата.

Премиерот рече дека е одлучен да ги продолжи преговорите со Србија со посредство на ЕУ и ја обвини опозицијата дека се обидува да дојде на власт на недемократски начин.