-->
-->
„Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски преведен на руски јазик
-->

Романот „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски деновиве е објавен на руски јазик во Москва од Центарот за книга „Рудомино“ и во превод на Олга Панкина.
По делата „Вежби за ибн Пајко“ на Оливера Николова и „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, книгата на Смилевски е трета од македонски автор објавена во рамки на проектот „Сто словенски романи“ во превод на Панкина. Проектот „Сто словенски романи“ го реализира Форумот на словенските култури.
За „Разговор со Спиноза“ Гоце Смилевски во 2002 година ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“. Книгата има седум изданија, а преведен и објавен е и во САД, Италија, Финска, Словенија, Србија, Полска, Бугарија, Хрватска, Холандија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
-

Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
-

Оклахома го победи Детроит по продолжение, Гилџус-Александар постигна 47 поени
-

Зеленски: Постигнати историски договори со земјите од Заливот
-

Рубио: САД можеби ќе го преиспитаат НАТО поради ограничената поддршка од сојузниците во Иран
-

Без струја делови од Бутел и Карпош, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино
-

Денот на правосудството – 31 Март: помеѓу историјата, реформите и новите предизвици
-

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег
