„Разденица“ – нова стихозбирка од Стојан Тарапуза
Со необичен и иновантен наслов „Разденица“ во книгоиздателството Макавеј од Скопје излезе од печат новата збирка песни од бардот на македонската литература за деца Стојан Тарапуза.
Овој писател за деца и млади кој е речиси единствениот кој со својата творечка енергија постојано го иновира книжевното творештво за деца во новата книга на стотина страници објавува исто толку нови наслови.
Во својата препорака кон книгата поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски истакнува: “Стојан Тарапуза е еден од врсниците на раѓањето на современата македонска литература за деца и жив меѓник на незиниот педесетгодишен развој и разлет. Новата книга се јавува како продолжение на неговата се уште мошне плодна творечка декада во која тој се обзнани со нови поетски и прозни дарови за најмладите читатели.
Збирката `Разденица` е, како што би рекол самиот Тарапуза „везеница“ од мудри, полетни, ритмички неверојатно мотивирани стихови за човековиот елан со кој се пречекува животот, со кој се опева постоењето, се толкува смислата на постоењето, се извишува вербата во денот што ги отвора портите за сите зафати на човекот, за сите отворени прозорци низ кои му се нудат на младешкиот живот нови предизвици и нови мечтаења. Оваа нова лирска книга доаѓа како ново позитивно изненадување во опусот на Стојан Тарапуза и воопшто во современата македонска литература за деца и млади.“
Ново на Сител
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор