Македонија
12. August 2019 - 17:15

Разбојништво среде бел ден во Аеродром - од нападнатиот одземена торба со пари

Разбојништво среде бел ден во населба Аеродром, нападнат и ограбен 57 годишен маж. Бил пресретнат од две лица додека излегувал од канцеларијата на ланец казина. Го нападнале и му ја одзеле торбата со околу 200 000 денари. Неофицијално, тој пренесувал  пари од промет на казиното каде работел. Разбојништвото се случило утрово околу 8 и 30, на паркингот од зградата каде се наоѓа канцеларијата.

„ Додека клечел на колена целиот во крв, напаѓачите се заканувале со пиштол по што со мотор избегале во непознат правец.“

 Според очевидци на настанот, нападнатиот маж не бил сам, со него имало и други лица, најверојатно вработени во  казиното. Тие биле во автомобилот кога се случило разбојништвото. Во нив било вперено оружјето а откако напаѓачите избегале со моторот, тие излегле да му помогнат на  колегата.

Од казиното не добивме информации, вратата од канцeларијата беше затворена а на неа немаше ознака дека тука се наоѓа седиште на казино.

МВР го потврди разбојништвото но детали за напаѓачите не откриват. Нема информација ниту колку пари точно украле напаѓачите. Разбојништвото е пријавено на бул. АВНОЈ дека физички бил  нападнат и ограбен 57 год маж вработен во казино.