Разбиена шпионска мрежа на ЦИА во Кина

Кинеската Влада „системски работела на разбивање“ на шпионска операција на ЦИА во Кина, почнувајќи од крајот на 2010 година, објави денеска „Њујорк тајмс“.
Американскиот весник пишува дека во наредните две години кинеските власти убиле или затвориле најмалку десетина извори на ЦИА.
Весникот цитираше десетина анонимни сегашни и поранешни американски претставници, според кои овој упад во разузнавањето е еден од најголемите во последниве децении.
„Њујорк тајмс“ наведува дека американските разузнавачки и безбедносни агенции се обидуваат да ја намалат штетата, но меѓу нив владее голема поделба.
Некои од истражителите сметаат дека во ЦИА постои „крт“, додека други оценуваат дека Кинезите го хакирале тајниот систем на ЦИА што го користи за комуникации со нејзините странски извори.
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) не сакаше да ги коментира овие наводи.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
