Разбиена криминална група која крадела автомобили во нашата земја и ги пренесувала во Албанија
![]()
Албанската полиција уапси 53-ри годишен жител на градот Прењас кој во соработка со други лица преку зелениот граничен појас пренесувале украдени автомобили од Република Северна Македонија во Албанија.
На уапсениот Џ.Б. во тоа му помагал А.Р.жител на Струга, по кого се трага, како и неколку други лица.
– Истрагата покажаа дека Џ. Б.(53) од Прењас и А.Р. жител на Струга, Северна Македонија, во соработка со други лица шверцувале украдени возила, од Северна Македонија во Албанија, надвор од граничните премини,преку зелениот појас на македонско-албанската граница, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за време на акцијата,како доказен материјал, запленето е возило марка „фолксфаген пасат“ со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонски државјанин.
Возилото било украдено во Македонија, а потоа нелегално префрлено во Албанија.
-Во тек е идентифкацијата и апсење на други лица вклучени во оваа криминална активност, како и заплена на неколку возила кои оваа група ги украла на македонска а потоа ги пренесла на албанска територија.Во интерес на истргата не се наведуваат други детали, соопштува полицијата.
Случајот е под надлежност на Обвинителството и судот во Елбасан.
Ново на Сител
-

Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос
-

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
