-->
-->
Раул: Сакам победа пред полна сала
-->
Ракометарите на македонскиот и европски шампион Вардар во недела ги очекува нов натпревар од Лигата на шампионите во рамките на 3.коло „црвено-црните“ се домаќини на големиот ривал од Лигата на шампионите и од СЕХА лигата ППД Загреб.
- Не очекува тежок натпревар. Загреб е цврста екипа која знае да ја менува одбраната од 6-0 и 5-1 (со Вори). Како и да е ние сме фаворити, но треба да имаме почит за ривалот. Како и да е сакам победа пред полна сала, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
Ривалството на двата тима е големо и трае неколку сезони.
- Добро се познаваме со Загреб. Тоа е кипа која лани ни го нанесе првиот пораз. Со Нант нападот не ни функционираше на потребното ниво. Како и да е ние сме фаворити на овој дуел, потенцираше капитенот Стојанче Стоилов.
Во таборот на Вардар не извесен е настапот на повредените Игор Карачиќ и Страхиња Милиќ, кои најверојатно и овој дуел ќе мора да го прескокнат.
Натпреварот Вардар - Загреб се игра во недела на 1.октомври со почеток во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски