-->
-->
Раул: Ние сме фаворити
-->
Во жесток ритам на натпревари влегуваат ракометарите на европскиот првак вардар. покрај одбраната на европската титула „црвено-црните“ сезонава ја бранат и титулата во СЕХА лигата. По триумфот над Висла во ЛШ, вардарци вечерва (почеток 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански) ги чека дуелот од 4.коло од СЕХА лигата против Татран Прешов.
- Ние сме фаворити на овој натпревар, дека сме прво место и сакаме на останеме на првото место. Но, мораме да подобриме елементи во одбраната и во нападот, изјави тренерот Раул Гонзалез.
Вардар нема да има тренинг пред дуелот со Татран, од причина што вчера околу пладне се вратија во Скопје, а денеска само со гледање на видео материјали ќе се подготуваат за дуелот со пвакот на Словачка.
- Имаме три победи во СЕХА и една во ЛШ, како и што планиравме. Татран знае да биде незгоден ривал, но ние сме шампиони и затоа одиме на победа изјави капитенот Стојанче Стоилов.
Покрај дуелот Вардар - Татран денеска играат уште: Мешков Брест - Динамо Панчево и Загреб - Цеље, додека утре се играат дуелите Војводина - Металург и Нексе - Горење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип