-->
-->
Раул: Ќе биде тешко, Рајн Некар Ловен е најдобрата германска екипа
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар во сабота ќе го има најголемиот испит во првата фаза од групата и остварувањето на целта пласман на завршниот турнир во Келн. Во Скопје ќе гостува бундеслигашот Рајн Некар Ловен, екипа која покрај Вардар е непоразена во групата Б.
На денешниот прес тренерот на Вардар Раул Гонзалез истакна:
- Во добра ситуација сме во Лигата на шампионите. По три натпревари имаме 6 бодови. Ривалот во сабота Рајн Некар Ловен е најдобрата германска екипа, ќе биде тешко. Ќе ни треба помош и од публиката. Тие се добра екипа со добар состав на играчи. Од повредените очекувам Карачиќ и Дибиров да бидат во составот, додека неизвесен е настапот на Стоилов (повреда на рамо) и на Марсениќ (повреда скочен зглоб).
Во ланската сезона од Лигата на шампионите во групата Вардар постигна две победи над РНЛ 28:25 (Скопје) и 35:28 (на гости).
- Тоа што беше лани треба да го оставиме зад нас, како и натпреварот на РНЛ против Кил (одигран вчера 24:20 победа на РНЛ). Мораме да се фокусираме на тој натпревар во сабота и да одиграме најјако, истакна Раул.
Сергеј Горбок втора сезона по ред го носи дресот на Вардар, а претходно четири години играше токму во РНЛ:
- Рајн Некар Ловен игра брз и атрактивен ракомет. Ние ќе играме на победа очекувам пред полна сала. Немаме право на грешки дека имаат добар контранапад и ќе мора да ги казниме нивните грешки.
Натпреварот Вардар – Рајн Некар Ловен се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт