-->
-->
Раул: Горд сум на моите играчи
-->
Ракометарите на европскиот шампион Вардар вечерва ја постигнаа четвртата победа сезонава. Во Скопје во одличен натпревар беше совладана Барселона со 27:24. На прес конференцијата тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез не го криеше задоволството.
- Горд сум на моите играчи, дадоа се од себе. На почетокот на натпреварот не бевме добри, но потоа почна се да функционира како што сакавме. Одбраната 5-1 со Штербик на чело и со Кањелас заврши голеа работа, но целиот тим беше одличен. Малку по малку игравме се подобро, а знаевме дека Барселона е еден од најдобрите тимови.
Вуко Борозан со 6 голови беше најефикасен во редовите на Вардар.
- Благодарност до публиката и до моите соиграчи игравме сите како еден.
Во финишот на дуелот по еден контакт со Валуз настрада носот на Бразилецот Фереира и по дополнителните лекарски прегледи ќе се знае неговата состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото