Расветлен случајот со киднапирањето на македонскиот државјанин во Тирана

Сведочењето на 23-годишнот Македонец, киднапиран во Тирана од три лица, кои под закана со оружје барале 250.000 евра, го пренесува албанската агенција Балкан веб.
-Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од Сокол М.(42) и Алберт Џ.(41) и двајцата жители на Тирана, да влезе во автомобилот попладнето на 6 декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото, пренесува агенцијата.
Полициски извори потврдиле дека добиле дојава дека вооружени лица кружеле со возилото БМВ и присилно внеле маж во возилото.
Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница „Шќипоња“. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнато во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.
Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека не станува збор за киднапирање, туку дека извршиле притисок врз македоскиот државјанин да им врати долг.
На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.
Ново на Сител
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
-

25. годишна конференција на Македонска берза
