Македонија
29. November 2023 - 12:33

Расте свеста за машкото здравје

Расте самосвеста кај мажите кога е во прашање сопственото здравје. За разлика од пред две децении кога одењето кај уролог беше табу тема, денеска се повеќе се оди на контрола. Но, факт е дека повеќе грижа за своето здравје водат повозрасните граѓани, за разлика од помладите кои лекар посетуваат само кога имаат потреба. 

- Најчести заболувања кај младите од 18 до 35 години е ракот на простата и младите треба да обрнат внимание. Само со еден самопреглед може да се открие некоја промена, некојa грутка и веднаш да се јават на лекар, зашто ако на време се утврди болеста, ќе биде 100% излекувана– изјави д-р Димитар Кожухаров, уролог

Контролните прегледи се задолжителни за повозрасната машка популација, советува д-р Кожухаров

- Сите мажи над 50 години независно дали имаат симптоми на уринарниуот тракт или немаат, треба да се јават еднаш на преглед кај уролог, да се испита простата, поточно специфичниот антиген, што е еден тумор маркер што го произведува карциномот на простатата. Многу е едноставнo и преку крвтa откриваме дали кај пациентот има најави за развивање на карцином на простатата – додава Кожухаров.

Статистички, во Македонија жените живеат 5 години подолго од мажите. Причина според Кожухаров е што жените почесто одат на контрола и многу повеќе водат грижа за сопственото здравје.