Бизнис
11. јуни 2016 - 17:14

Расте извозот и во услови на политичка криза

Политичките случувања во земаат својот данок во економијата. Во првиот квартал остварен е раст од 2%. Сепак, превирањата на домашениот терен не го попречија извозот, кој во тој период бележи силен раст 14,7%

Во услови на политичка криза на домашен терен, извозот со најдобри резултати во економијата во првиот квартал.

При раст на брутодомашниот производ од 2%, извозот пораснал за 14,7%. Растот најмногу се должи на работата на компаниите во технолошко – индустриски зони при што е забележан тренд на намалување на лон извозот за сметка на порастот кај готовите производи.

Најголемо учество во извозот и имаат катализаторите и сетовите на проводници за палење на возила, а потоа фероникелот и облеката.

Еден од најголемите чинител на економскиот раст, секторот на градежнитвото во првиот квартал  пораснал за 7.7%, финансиите и осигурувањето бележат раст од 13%, земјоделството од 3.2 отсто.

Во рударството забележан е пад  од 3,4%, што се толкува како последица од неработењето на Тораница и  Злетово. Пад од 7% има кај преработувачката индустрија.