Фудбал
24. December 2017 - 16:53

Расте интересот за ЗОИ

Месец февруари е предвиден за Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот  град Пјонг Чанг. Според последните информации расте интересот за овој наста за што говорат и продадените влезници за спортските натпревари од над 60 проценти.

Организаторите им соопштија на медиумите дека се продадени повеќе од  655.000 билети. Продажбата е зголемена од моментот кога олимпискиот оган ја помина предвидената рута.

Меѓу најпопуларните спортови се алпските дисциплини (продадени 81 процент), бијатлон  (79 проценти), скијање на кратки патеки (74 проценти) и боб (70 проценти). Зимските олимписки игри ќе се одржат догодина од 9 до 25 февруари.