Расте интересот за одгледување на егзотични овошја
Кивано, карела и батернат тиквата годинава во Карбинско засадени на 10 пати поголема површина од лани. Овие егзотични овошја започнаа да се шират и на плантажите во Битолско, Прилепско и Струмичко. Македонските егзотични производи од пред неколку дена го поминаа филтерот на европските лабаратории.
-Веќе се сертифицирани, дека се погодни се за исхрана, немаат пестици, третирани се органски, така што ги исполнуваат сите услови за консумирање на европскиот пазар- изјави Владимир Милановиќ, производител на егзотични овошја
Милановиќ, кој веќе трета година се занимава со оваа дејност, вели дека производите полека се пробиваат и на македонскиот пазар.
-Веќе имаме клиентела која постојано купува од овие растенија, која ги видела ефектите од консумирањето, зашто јас кажав, овие растенија се и за јадење, но и за лек.-додава Милановиќ
Карелата најмногу е барана помеѓу дијабетичарите и лицата кои имаат развиено малигни клетки. Сепак егзотичните овошја треба се почесто да бидат на македонската трпеза и да се консумираат редовно и како превентива. Извозот на плодовите е загарантиран, меѓутоа можат да се најдат и на домашниот пазар, посебно во маркетите. Одгледувањето бара сериозен пристап и услови за наводнување. Во меѓувреме траат и преговорите со министерството за земјоделие, карелата да биде ставена на листата за субвенционирање.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
